Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.11.2009
НОВО! Задолжително поднесување на Прилози кон Даночната пријава на ДДВ (образец “ДДВ-04“)

Со измените на Законот за данокот на додадена вредност со примена од 11.11.2009 година, даночните обврзници кои се регистрирани за целите на ДДВ, како прилог кон Даночната пријава на ДДВ (образец ДДВ-04) за соодветниот даночен период, имаат обврска да поднесат и:
1. Периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања и
2. Периодичен извештај од банкарските сметки преку кои даночниот обврзник го остварува своето работење

Прилозите кон Даночната пријава на ДДВ, даночните обврзници се должни да ги поднесат со ДДВ пријавата која се однесува за даночниот период 1 до 31 октомври 2009 година, чиј рок за поднесување e 15-ти ноември 2009 година.

Периодичниот финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања се поднесува посебно за секој одобрен фискален систем на опрема.

Периодичниот извештај од банкарските сметки преку кои го остваруваат работењето, даночните обврзници треба да го обезбедат од банките кај кои им се водат сметките и истиот претставува извештај за сите извршени уплати и исплати на или од сметката, како и салдо за соодветниот даночен период.
* Доколку даночниот обврзник располага со повеќе сметки во различни банки, истиот е должен да достави периодичен извештај посебно за секоја денарска и девизна сметка.


Корисници на е-Даноци

Даночните обврзници кои електронски ги поднесуваат даночните пријави на данокот на додадена вредност, имаат можност и за поднесување на прилозите кон ДДВ пријавата по електронски пат (скенирање на документи во PDF формат).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија