Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
16.11.2009
БРУТО ПЛАТА – Поради неплатени придонеси и персонален данок блокирани сметки на 5684 работодавачи

Заклучно со октомври 2009, Управата за јавни приходи поради неплатени социјални придонеси и персонален данок на плата има отпочнато постапка за присилна наплата, односно блокирани се жиро сметките на 5684 даночни обврзници со вкупен долг по овој основ од 249.617.783 денари, кој произлегува од неисплатени бруто плати во износ од 710.285.928 денари. Блокадите се однесуваат за неисплатена бруто плата за периодот јануари – јули, односно неисплатена плата до 31 октомври 2009 година.

Исто така, пред отпочнување на присилна наплата, доставени се и опомени на 2062 самостојни вршители на дејност за неплатени 16.669.518 денари придонеси и персонален данок и неисплатена бруто плата во вкупен износ од 32.290.094 денари.
За 9.396 правни лица доставени се опомени за неплатени давачки од 289.535.276 денари, односно неисплатена бруто плата во вкупен износ од 835.120.185 денари.
* Опомените се однесуваат за неплатени јавни давачки за месец август и септември.

Од почетокот на воведувањето на концептот бруто-плата заклучно со септември 2009, врз основа на податоците со кои располага УЈП, утврдени се 330 случаи на непријавени работници, и 131 случаи кои се однесуваат на неисплатени плати од страна на работодавачите. За сите случаи каде е констатирано кршење на законот во делот на работни односи, како и за случаите на неисплаќање на плати од страна на работодавецот известен е Државниот инспекторат за труд, надлежен за санкционирање.

Функционирањето на бруто-плата, во изминатиот период генерално покажа дека надмината е досегашната пракса на некои работодавачи да плаќаат само придонес за здравствено осигурување, или да се исплаќа нето-плата во готовина, а придонесите да се плаќаат на ниска основица или пак воопшто да не се плаќаат, а вработеното лице за истото да нема информација. Сузбивањето на ваквите појави и обидите на некои работодавачи да ја доведат во прашање социјалната сигурност на работници, беше и една од основните цели на воведувањето на овој систем.
Токму преку поврзувањето на исплатата на “нето платата“ на вработените лица и истовремената исплата на придонесите, оваа реформа му овозможува на секое вработено лице во истиот момент на исплатата на бруто платата, да му бидат платени и социјалните придонеси и персоналниот данок на доход.

За ефектите од едногодишното функционирање на концептот бруто плата говорат и податоците за наплата на социјалните придонеси во трите квартали од 2009. Во периодот 01.01 – 30.09.2009 година, остварен е вкупен приход од социјални придонеси од 31.108.000.000,00 денари кој е повисок за:
  1,77 % во однос на планираниот од 30.566.000.000,00 денари и повисок за
↑  10,91 % во однос на остварениот во истиот период од 2008 година во износ од 28.047.000.000,00 денари.

*За подетални информации во врска со наплатата на социјалните придонеси кликни тука.


Сепак, податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека постои и извесен број на работодавачи кои се обидуваат да го изиграат законот и вработените, односно да им исплаќаат плата во готовина и изнајдуваат начини да избегнат да ги платат придонесите и данокот. Во сите случаи, УЈП ќе ги примени сите инструменти на даночна постапка со цел справување со неплаќачите на придонесите и персоналниот данок од плата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија