Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
20.11.2009
ДЕМАНТ - АЛФА ТВ („ССМ: Државата го урива концептот бруто плата“)

Во врска со изјавата на претставникот на Сојузот на синдикати на Македонија објавена на АЛФА ТВ (четврток, 19 ноември 2009, 18:45 часот, новинар: Христијан Стојчевски) во која се наведува дека “Државата го урива концептот бруто плата. Со последните блокади на жиро сметките на фирмите основната цел на УЈП е само да го наполни буџетот, и притоа да не се мисли за работниците, со што истовремено се минира проектот“, УЈП остро реагира на несериозноста на ваквите информации и невистините кои се пласираат во јавноста.

Имено, токму синдикатот треба да биде запознаен со бенефитот од воведувањето на концептот на бруто плата за работниците во Македонија, за што уште пред воведување на оваа реформа и за цело време од преземањето на надлежностите во делот на социјалните придонеси, УЈП ја информираше јавноста.

„Со воведувањето на „бруто-платата“, ќе се надмине досегашната пракса на некои работодавачи да плаќаат само придонес за здравствено осигурување, или да се исплаќа нето-плата во готовина, а придонесите да се плаќаат на ниска основица или пак воопшто да не се плаќаат, а вработеното лице за истото да нема информација. Во едногодишното функционирање на новиот систем, ваквите најави се покажаа за точни. Токму сузбивањето на ваквите појави и обидите на некои работодавачи да ја доведат во прашање социјалната сигурност на работници, беше и една од основните цели на воведувањето на овој систем.
Преку поврзувањето на исплатата на “нето платата“ на вработените лица и истовремената исплата на придонесите, оваа реформа му овозможува на секое вработено лице во истиот момент на исплатата на нето платата, да му бидат платени и социјалните придонеси и персоналниот данок на доход.“

Интегрираната наплата на “бруто платата“ се однесува на сите фази на даночната постапка, вклучувајќи ја и постапката на присилна наплата. Поинаку и не може да биде бидејќи новиот систем за исплата на платите е така конструиран:

„Концептот на бруто-плата подразбира интегрирана наплата на сите компоненти на платата: нето-плата, социјални придонеси и персонален данок. Овој принцип се однесува и на спроведувањето на постапката на присилна наплата, односно и на последните извршени блокади од страна на УЈП. Со блокадите на жиро сметките, УЈП и налага на банката од сметката на работодавачот да се наплати целиот износ на бруто платата.
Во случаи ако на сметката на работодавачот нема доволно парични средства за реализација на целиот износ за бруто-платата (придонеси, данок и нето плата), банката не може да врши делумна наплата, на пример само наплата на придонеси. Во ваков случај сметката на работодавачот останува блокирана се додека да се соберат парични средства за исплата на целиот износ на бруто-плата, со што во исто време ќе бидат наплатени јавните давачки и нето платата на вработениот (значи, постапката е иста како и во редовната наплата, односно од сметката на работодавачот во ист момент ќе бидат наплатени придонесите и данокот на буџетските сметки, а на трансакционите сметки на вработените лица ќе им биде пренесена и исплатена нето-плата)“.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија