Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
24.11.2009
НОВО! Задолжителна ДДВ регистрација - за остварен промет над 1.300.000 денари во текот на календарската година

Со најновите измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, се воспостави нова обврска за даночните обврзници кои во текот на календарската година го остварат прагот за регистрација за ДДВ, односно остварат вкупен промет над 1.300.000 денари, задолжително да се регистрираат за целите на ДДВ од месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот од 1.300.000 денари.
Овие даночни обврзници се должни Пријавата за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) да ја поднесат најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот од 1.300.000 денари до Регионалната дирекција на УЈП на која припаѓаат.
Регистрацијата за ДДВ, УЈП ја врши по истекот на месецот кога е остварен прометот од 1.300.000 денари.

Даночните обврзници кои заклучно со месец ноември 2009 година оствариле вкупен промет над 1.300.000 денари, задолжително треба да се регистрираат за целите на ДДВ и до Управата за јавни приходи да поднесат Пријава за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01), од 1 декември а најдоцна до 15-ти декември 2009 година.

Даночните обврзници при поднесување на Даночната пријава на ДДВ (образец ДДВ-04) за првиот даночен период, треба да го поднесат и образецот „Данок на додадена вредност содржан во залихи на добра наменети за натамошна продажба пред регистрација за целите на ДДВ“ (образец ДДВ-05/1), како прилог кон ДДВ пријавата.
Вкупно пријавениот ДДВ за одбивка од образецот ДДВ-05/1, даночните обврзници го истакнуваат, еднократно, во првата ДДВ даночна пријава во полето 14 од пријавата со предзнак “-”, доколку ги исполнуваат законските услови за одбивка на овој данок.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија