Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.11.2009
Реакција на изјавите во врска со извршените блокади за наплата на бруто плата и наводното “финансиско цедење на фирмите и стопанството“

Во изминатиот период, како и денес, сведоци сме на паушални изјави на “експерти“, неаргументирани полемики и политички препукувања, во кои Управата за јавни приходи и преземените активности во делот на блокадите за наплата на “бруто платите“ се предмет на напад.

Инсистирајќи на издржани критики, кои секако се добредојдени за УЈП, за жал во ниту еден момент не слушнавме мислење, што се однесува до блокадите, дали тие што напаѓаат а посебно стопанството се за еднаков и фер третман на сите даночните обврзници, бидејќи во спротивно сите изјави, вклучително и денешните, упатуваат на тоа да се воведе политика на стимулирање на нелојална конкуренција. “Здрава“ економска политика подразбира финансиска дисциплина и нетолерирање на неплаќачите, во услови кога за даночните обврзници кои се погодени од кризата се воведени антикризни мерки.

За сите активности во овој дел, целосно и транспаретно е информирана јавноста за сите факти, поединечно се известени даночни обврзници уште пред да се отпочнат блокадите. Оттука неразбирливо е кревањето на “фама“ и паничната реакција.

УЈП потенцира дека со оваа мерка не се посегнува кон полнење на буџетот, туку кон исплата на “бруто платите” на вработените, за што говорат и бројките дека од извршените блокади 5684 кои се однесуваат на платите на 15.972 лица, извршена е наплата кај 1462 работодавачи, односно на трансакционите сметки на вработените се префрлени заостанати плати во вкупен износ од 39 милиони денари и социјални придонеси од 19 милиони денари кои се основен услов за остварување на елементарните права на вработениот за здравствена заштита, пензиско осигурување ...Наплатените директни буџетки средства изнесуваат 1,5 милиони денари, кои сигурно не се средства што ќе ја подобрат “крвната слика“ на стопанството, ниту ќе го наполнат Буџетот на државата.

Оттука, ако се направи споредба, многу поголем е делот кој со блакaдите како плата ќе се исплати на работникот. Така што не може да се говори за лицемерие на УЈП, бидејќи податоците го говорат спротивното.

УЈП ги прашува сите засегнати страни дали “цехот“ на успешното или неуспешното работење на фирмите треба да го плати вработениот. Впрочем, бруто плата не е ништо друго туку “профитот” кој работникот го остварува како резултат на неговото работење во некоја фирма, ако се користи жаргонот на стопанствениците. Во услови на пазарна економија секој сака да остварува “профит”, вклучувајќи ги и работниците. Во насока на кажаното, дури и во услови на криза, неоправдано е целиот товар да го понесат работниците и да се бара од УЈП да не постапува и немо да набљудува?.

На јавноста познати се и приказните кога вработените ги бараат своите права и настаните се одвиваат во обратна насока. Дали тогаш истите “експерти“, групации и сл. што ги бранат интересите на стопанството и вршат притисок, ќе бараат одговорност од УЈП, но во овој случај зошто не постапила.

Имплементацијата на концептот “бруто плата“ во Македонија значи конечно воспоставување на стабилен систем на исплата на платите, преку кој основната цел е да се искорени самоволието во делот на исплата на платите и појава на генерации работници кој не можат да остварат право на пензија.

Што се однесува до наводните инспекциски хајки на УЈП, ова се само уште едни паушални изјави бидејќи бројот контроли кои УЈП – Генералниот даночен инспекторат, а не директорот на УЈП, ги има спроведено до октомври 2009 изнесува 8.500, што е 42% помалку во споредба со измината година кога овој број изнесуваше 14.625. Ова е резулат на воспоставените критериуми на ризик кои ги воведе УЈП, со кои се зголемува објективноста на даночната постапка, а не како што се вели по наредба и критеруми на раководството на УЈП.

Сето оваа покажува на тенденциозност на нападите на даночната администрација и раководниот тим на УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија