Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
30.11.2009
До 31 декември - Регистрација за паушално оданочување на земјоделците

Граѓаните кои обавуваат земјоделска дејност или истата ја вршат како дополнително занимање, почнувајќи од 2009 година, данокот на доход можат да го плаќаат според паушално утврден приход.

Со воведувањето на паушалното оданочување за земјоделците се создаваат услови за олеснување на вршењето на земјоделската дејност, што е од посебна важност за оваа категорија на даночни обврзници кои поради карактерот на самата дејност во голем процент не се во можност да водат деловни книги.

Поднесување на Барање за паушално оданочување во УЈП
Доколку вршите земјоделска дејност и сакате да се стекнете со право на паушално оданочување, потребно е да поднесете Барање за паушално оданочување до даночната канцеларија на Управата за јавни приходи на чија територија се наоѓа Вашето живеалиште, најдоцна до крајот на 2009 година. Барањето за паушално оданочување се доставува истовремено со Барањето за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност.

Услов за паушално оданочување е вкупниот приход на земјоделецот во 2009 година да не надминува 1.300.000 денари.
Основа за пресметување на данокот претставува разликата помеѓу остварениот вкупен приход (во приходот не се вклучени примените субвенции) и признатите трошоци.
Даночно ослободување е предвидено за оние граѓани чиј вкупен приход од вршење на земјоделска дејност во 2009 година изнесува до 300.000 денари. Во овој случај, земјоделецот ќе биде целосно ослободен и нема да има обврска да плаќа данок на доход.
*За лицата што земјоделската дејност ја вршат како дополнително занимање, предвидените трошоци се признаваат во висина од 80% од остварениот приход. Кај овие лица не е предвидено даночно ослободување.

Пример: Граѓанин кој обавува земјоделска дејност како дополнително занимање во текот на 2009 година остварил годишен вкупен приход во износ од 200.000 денари.
Пресметката е следна:
200.000 - 80%(нормирани трошоци) = 40.000 (основа за оданочување)
40.000 х 10% = 4.000 денари (годишен данок)
* Граѓанинот по основ на вршење на земјоделска дејност во 2009 година ќе треба да плати вкупен годишен данок во износ од 4.000 денари.

Како се оданочуваат приходите доколку надминуваат 300 илјади денари?
Доколку остварените приходи од земјоделска дејност се поголеми од 300.000 денари и изнесуваат до 1.300.000 денари, во тој случај основица за пресметка на данокот е 20% од вкупно остварениот приход.

Пример: Граѓанин кои земјоделската дејност ја обавува како основно занимање во текот на 2009 година остварил годишен вкупен приход во износ од 1.000.000 денари.
Пресметката е следна:
1.000.000 - 80% (нормирани трошоци) = 200.000 (основа за оданочување)
200.000 х 10% = 20.000 денари (годишен данок)
* Граѓанинот по основ на вршење на земјоделска дејност во 2009 година ќе треба да плати вкупен годишен данок во износ од 20.000 денари.

Утврдување на данокот
Данокот според паушално утврден приход се утврдува со Решение на Управата за јавни приходи и се плаќа во рок од 30 дена од издавањето на Решението.

Обврски на откупувачите на земјоделски производи
Исплатувачот кој врши откуп на земјоделски производи од физички лица кои не се трговци поединци е должен до Управата за јавни приходи да достави Годишен извештај за исплатени приходи по основ на откупени земјоделски производи.
Годишниот извештај се поднесува најдоцна до 15-ти февруари 2010 година, до даночната канцеларија на УЈП, според седиштето на исплатувачот.

 

Заради подетално запознавање на земјоделците со начинот и условите за паушалното оданочување, Управата за јавни приходи ќе организира обуки во месец Декември.
За времето и местото на одржување на обуките ќе можете да се информирате преку веб страницата или најблиската даночна канцеларија на УЈП, како и во Федерацијата на фармери на Македонија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија