Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
25.02.2010
Даночен кредит за расходите со одложено признавање

Начин на утврдување и пополнување на износот на даночниот кредит во образецот “ДБ – Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“ за 2009 година во делот “Б. ДАНОЧЕН КРЕДИТ ЗА РАСХОДИТЕ СО ОДЛОЖЕНО ПРИЗНАВАЊЕ“

Со оглед на се почестите јавувања од страна на даночните обврзници по однос на давање на дополнителни појаснувања за начинот на утврдувањето на износот на даночниот кредит кој се искажува во Даночниот биланс (образец “ДБ“) во делот за оданочување на непризнаени расходи под Б. ДАНОЧЕН КРЕДИТ ЗА РАСХОДИТЕ СО ОДЛОЖЕНО ПРИЗНАВАЊЕ, ве информираме за следното:

  • Одредбите на член 27-б од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“ бр. 159/08), кои се однесуваат на начинот на утврдување на намалувањата на даночната основа по однос на даночниот кредит за непризнаените расходи за кои во даночните биланси составени за претходните години е извршено усогласување (зголемување) на даночната основа, ќе започнат да се применуваат на износот на непризнаените расходи остварени во 2009-та година, за кои намалувањето на даночната основа ќе се изврши во даночниот биланс составен за 2010 година. Наведеното произлегува од одредбите на Законот за даночна постапка согласно кои се применува начелото на “временско важење на даночните прописи“.
  • Даночниот кредит за веќе извршените усогласувања искажани во ДБ за годините пред 2008 година и за 2008 година, се одобрува согласно Законот за данокот на добивка и Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување на износите, во висина на платениот данок на добивка, сразмерно на делот на данокот содржан во извршените зголемувања во образецот ДБ по однос на расходите со одложено признавање.
  • Постапката на утврдувањето на износот на платениот данок на добивка (даночниот кредит), базира на податоците искажани во образецот ДБ составен за годината во која е извршеното зголемување на даночната основа.
  • Износот на платениот данок се утврдува со примена на процентуалното учество на износите со кои се врши зголемување на даночната основа во даночниот биланс (добивка за финансиската година и износи на расходите со кои се зголемува даночната основа).
  • Од делот на износот на платениот данок на добивка кој отпаѓа на непризнаениот расход со одложено признавање, се пресметува апсолутната вредност на оданочениот дел од вкупниот износ на извршеното зголемување на расходите со одложено признавање во даночниот биланс.

Пример: Пресметка на даночен кредит по основ на исплатени плати во 2009 година, за кои во даночниот биланс за 2008 година е извршено зголемување на даночната основа.

Состојбите во даночниот биланс (образец ДБ) составен за 2008 година во кој е извршено зголемувањето по основ на неисплатени плати е:
 

Поле 01   Финансиски резултат (добивка) 10.000.000
Поле 02   Вкупно зголемување 17.500.000
Поле 05   Неисплатени плати 5.000.000
Поле 12   Камати по кредити 1.000.000
Поле 23   Репрезентација 500.000
Поле 24   Исправка на вредност на побарувањата 11.000.000
Поле 29   Вкупно намалување 23.600.000
Поле 31   30% од капитални добивки 600.000
Поле 33   Пренесени загуби 23.000.000
Поле 38   Намалување на даночната основа 1.000.000
Поле 39   Реинвестиционо вложување 1.000.000
Поле 40   Даночна основа  2.900.000
Поле 41   Пресметан данок  290.000
Поле 55   Даночно намалување   40.000
Поле 57   Набавка на фискален апарат 40.000
Поле 58   Данок на добивка по намалување (утврден данок за годината)  250.000

 

Основа за пресметка на данокот е вкупно извршеното зголемување на даночната основа во ДБ составен за годината на оданочувањето (2008 година). 

Поле 01 ............................................................. 10.000.000   36,36%  
Поле 05 ................................................................5.000.000  18,18%  (5.000.000 х 100 / 27.500.000)
(Поле 02 минус Поле 05)..................................12.500.000  45,46%  
(Поле 1+ Поле 2)................................................27.500.000 100,00%  


Утврдениот данок на добивка за 2008 година изнесува 250.000 денари.
Данокот кој отпаѓа на износот на неиспатените плати изнесува:
250.000 х 18,18% = 45.450

Ако во 2009 година целосно се исплатени неисплатените плати од 2008 година (поле 05 = 5.000.000 денари) за кои што во 2008 година е платен данок од 45.450 денари, даночниот кредит се определува во апсолутен износ на следниот начин:
 

1. Платен данок за неисплатените плати во 2008 година = 45.450 денари
2. Стапка на данок на добивка за 2008 година = 10 %
3. Даночен кредит [(ред бр 1 х 100) : 10] = 454.500 денари
4. Проверка 454.500 х 10% = 45.450 дeнари


Даночниот кредит во ДБ - Даночниот биланс за оданочување на непризнаени расходи за 2009 година по основ на исплатените плати за 2008 година во износ од 5.000.000 изнесува само 454.500 денари.
 

За подетални информации, контактирајте го Секторот за услуги на даночни обврзници и за даноци (лице: Роза Маневска, тел. 02/3299 582)

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија