Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
05.03.2010
УЈП на 15-от Форум на даночните администрации

Како полноправна членка на Интра-европската организација на даночните администрации ( IOTA), од 25 до 26 февруари 2010 година претставници од Управата за јавни приходи учествуваа на 15-тиот Форум на даночните администрации. На настанот кој се одржа во градот Санкт Ламберхт во Австрија, покрај претставниците на земјите членки на IOTA, присуствуваа и претставници од Европската Комисија и OECD.

Во рамките на Форумот, беше усвоена Предлог-програмата за работа на IOTA за 2011 година, како и беа разгледани позитивните резултати од работењето на организацијата во 2009 година при што беше истакнат и придонесот на Управата за јавни приходи во рамките на исполнувањето на обврските кои произлегуваат од годишната програма на IOTA.

Најзначајно за Управата за јавни приходи е што на овој Форум, од страна на Секретаријатот на IOTA донесена е одлука да во соработка со македонските даночни власти, раболницата на тема „Даночни раеви“ (Tax Havens) се одржи во Република Македонија.

Корисни информации

Управата за јавни приходи е членка на IOTA од 1997 година. Оваа меѓународна организација има за цел продлабочување на соработката и размена на искуства помеѓу 41 даночни администрации, преку присуство на семинари, работилници и средби на групи по одредени области.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија