Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
29.03.2010
Даночни бенефити за вработување на невработени лица и за граѓани кои за прв пат отвораат бизнис

Користењето на даночните бенефити се од посебно значење за стопанствениците, за планирање и водење на бизнисот, и управување и развој на човечкиот потенцијал, во услови кога Македонија се соочува со ефектите на економската криза.


Како да ги намалите трошоците за ангажирање на човечки ресурси?

Работодавачите кои во 2010 година ќе ангажираат невработено лице на неопределено време, кое е евидентирано во Агенцијата за вработување најмалку една година, ќе бидат ослободени од пресметување и плаќање на 10% персонален данок на доход по основ на плата за ова лице во следните 3 години.

Така на пример, работодавач кој има вработено 5 лица на неопределено работно време, но поради зголемениот обем на работа вработува уште 2 лица на неопределено време кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување повеќе од една година, ќе може да го користи ослободувањето за персоналниот данок на доход од плата за 2-те лица во следните три години.
Доколку по одреден период (пократок од три години) работодавачот го намали бројот на вработени, односно го прекине работниот однос на 3 лица, без разлика дали се тие од новопримените 2 или од оние 5 кои биле претходно вработени, тој го губи правото од ослободување од плаќање на персонален данок на доход за нововработените 2 лица и за истите е должен да го плати персоналниот данок на доход за времето за кое го користел правото на ослободување.

За вработувањето на лица кои не биле претходно вработени, покрај тоа што работодавачот ќе може да ги намали трошоците во делот на персоналниот данок на доход, истовремено ќе може и да ја намали даночната основа за пресметка на данокот на добивка. Пресметаните и исплатени плати, надоместоци на плата од работен однос во текот на 2010 година ќе претставуваат даночно признат расход во Даночниот биланс.


Даночни бенефити и за ново регистрирани самостојни вршители на дејност

Граѓанините кои за прв пат основаат трговско друштво - трговец поединец или отпочнуваат со вршење на дејност како самостоен вршител на дејност во согласност со закон, може да користат даночно ослободување од персоналниот данок на доход во следните три години доколку претходно не биле регистрирани за вршење на таа дејност во Централниот регистар.

За постапката за издавање на потврда за ослободување од персоналниот данок на доход информирајте се во Агенцијата за вработување www.zvrm.gov.mk, каде се поднесува барањето за користење на даночниот бенефит.

 

* Даночните ослободувања се предвидени со Законот за персонален данок и Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија