Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
15.06.2010
Побарај фискална сметка!


Како купувач на добро, односно корисник на услуга побарајте фискална сметка во моментот на предавање и плаќање на доброто, односно на извршување и плаќање на услугата.

Даночниот обврзник (продавач) кај кој сте извршиле промет, односно сте купиле добра или сте користеле услуги за кои сте платиле во готови пари, задолжително треба да ви издадe фискална сметка за извршениот промет.

Доколку констатирате неправилности на фискалната сметка, или продавачот одбие да ви издаде фискална сметка, известете ја Управата за јавни приходи на бесплатниот телефонски број 198, кој е во функција секој ден, 24 часа.



Спроведени засилени контроли во Скопје


Во последните засилени контроли спроведени за време на викендот (12 и 13 јуни) во Скопје, мобилните екипи на УЈП од вкупно 29 контролирани објекти утврдија неправилности кај 14.


Контролата на работењето на даночните обврзници во делот на фискализација е редовна и тековна активност на УЈП.
За првите пет месеци од годината (јануари-мај), Управата за јавни приходи има спроведено вкупно 1.410 контроли во делот на фискализација, од кои 871 се без неправилности и 539 со неправилности.

Глобите за неиздавање на фискална сметка се движат од 200 до 1500 евра, во денарска противвредност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија