Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
23.05.2007
Билатерална соработка - Работна посета на Управата за даночна и финансиска контрола на Унгарија

Од 23 до 25 мај 2007 година, делегација на Управата за јавни приходи, предводена од Генералниот Директор на УЈП, г-дин Горан Трајковски, ќе престојува во работна посета на Управата за даночна и финансиска контрола на Унгарија. Целта е воспоставување на билатерална соработка и размена на искуства во даночното работење, посебно во делот на надворешната контрола, анализа на ризик и работењето на канцелариите за големи даночни обврзници.

Во рамките на посетата, г-динот Трајковски ќе оствари средба со Претседателот на Управата за даночна и финансиска контрола на Унгарија, г-дин Janos Szikora и Генералниот Директор на Дирекција за големи даночни обврзници, г-дин Istvan Juhasz.

Билатерната соработка и работната посета на Унгарската даночна управа е дел од Проектот – Модернизација на УЈП, кои се реализираат во соработка и техничка поддршка од ФАД мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд.

Поради потребата од имплементирање на меѓународните стандарди на даночното работење кои ги налага процесот на евро – интеграции на РМ, Управата за јавни приходи изминатиот период воспостави билатерална соработка со даночните институции од регионот и членки на ЕУ.

Наша цел и обврска е да создадеме модерна даночна управа која ќе служи како модел во јавниот сектор и ќе биде дел од семејството на европските даночни агенции.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија