Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
21.05.2007
Управата за јавни приходи го контролира работењето на политичките партии

Управата за јавни приходи од 16.03.2007 година отпочна со инспекциски надзор на финансиското работење на парламентарните политички партии и тоа: ВМРО-Народна; ВМРО-ДПМНЕ; СДСМ; НСДП; ДУИ; ДПА; ДОМ. Контролите се спроведуваат согласно препораките на Извештајот на Државниот завод за Ревизија од 08.02.2007 година.

Земајќи предвид дека изминатиот период УЈП ги најави контролите на работењето на политичките партии за време на локалните избори 2005 и парламентарните избори 2006 година, неразбирлива е паничната реакција на Социјал Демократскиот Сојуз, од причина што станува збор за редовна постапка на Управата за јавни приходи.

Даночните инспектори во насока на утврдување на фактичката состојба имаат овластување, согласно Законот за даночна постапка, да побараат и вршат увид во документацијата на политичките партии. Од овој аспект за УЈП воопшто не е релевантно, дали станува збор за политичка партија, стопански субјект или физички лица.

УЈП ја користи оваа прилика да посочи дека во случај на “евентуални забелешки“ на работењето и постапувањето на УЈП, политичките партии како даночни обврзници имаат право на приговор и други правни лекови, согласно Законот за даночна постапка. Истите се решаваат во управна постапка согласно Законот, а најмалку со шпекулации пред јавноста, од кои Управата за јавни приходи се оградува.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија