Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
02.12.2010
Демант - „СДСМ“ (Однесувањето на Владата ги загрозува фирмите и работните места на вработените во тие фирми)

Повратот на ДДВ е во рамки на законски предвидениот рок од 30 дена

Во врска со соопштението на СДСМ „Однесувањето на Владата ги загрозува фирмите и работните места на вработените во тие фирми“ (02.12.2010), кое се повикува на вчерашните изјави на директорот на УЈП, Горан Трајковски изнесени на отворената трибина организирана во рамките на саемската манифестација ФИНЕКСПО 2010, Управата за јавни приходи ги демантира изнесените информации и укажува на следното:


Жал ние што претставници на СДСМ не присуствуваа на вчерашната трибина, бидејќи во јавната дебата во ниту еден момент не беше кажано дека се доцни со повратот на ДДВ. Цитирање на парцијални реченици и нивно ставање во функција на дневно политиканство е само уште една потврда за “економскиот провинцијализам“ и неподготвеноста да се зборува сериозно за подобрување на сликата во македонското стопанство и надминување на економската криза, односно психолошката криза, која за жал сеуште во Македонија некој има интерес и се обидува вештачки да ја одржува.

Сепак, УЈП се согласува само со едно нешто изнесено во соопштението на СДСМ, а тоа е дека „едно е економска криза, а друго е на граѓаните да им се сервираат шпекулации од овој тип, со што не им се кажува вистинската состојба за кризата“

Бидејќи говорот на Трајковски, во целост беше проследен од страна на камерите и претставниците на медиумите, ја информираме целокупната јавност за тоа што беше изнесено во говорот на директорот Трајковски, а тоа е дека „повратот на ДДВ е во рамки на законски предвидениот рок од 30 дена“, а притоа детаљно и нашироко пред претставниците на бизнис зедницата беа изнесени и ставовите на УЈП за “вистинските состојби за кризата“.

Меѓу останатото, УЈП како учесник на трибината прва го наметна и прашањето на довербата, доверба меѓу институциите, бизнисите, банките...и недоволнота искористеност на антикризните мерки и поволностите кои ги воведе државата за олеснување на стопанството во делот на обврските околу намирувањето на даноците.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија