Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
10.12.2010
УЈП отпочна со даночна едукација на младите

Даночна едукација на средношколците

За да создадеме предуслови за градење на социјално-свесни и совесни даночни обврзници, Управата за јавни приходи од декември 2010 година отпочнa со имплементација на Проектот „Фискална едукација на младите“ кој ќе се спроведува во средните училишта низ цела Македонија.

       
 
 С.О.У. „Ристо Ристески Ричко“
Прилеп, 09.12.2010
 Д.С.У. „Наум Наумоски-Борче“
Крушево, 07.12.2010


Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, ќе имаат можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците. Преку организираните предавања и практичните искуства пренесени од страна на даночните експерти, учениците одблиску ќе бидат запознаени со:

  • Какви видови даноци постојат?
  • Зошто УЈП ги собира даноците?
  • Каква е користа од плаќањето на данокот за сите нас?
  • Како и каде се плаќа данокот?

Даноците се лесно четиво, доколку го научиш!

„Даночната едукација на младите” треба да влијае кон елиминирање на неинформираноста на младите за потребата од плаќање на даноците, но пред се клучно е нивното запознавање со основните права и граѓански должности кои ги имаат како даночни обврзници.

Поаѓајќи од тоа дека даночна едукација на најмладите ќе се спроведува за прв пат во средните училишта, Управата за јавни приходи во првата фаза од проектот ќе отпочне со фискална едукација на учениците од четврта година. Во наредните фази од проектот ќе бидат опфатени и учениците од трета, втора и прва година во средните училишта.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија