Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.01.2011
Во 2010 година – Македонските даночни обврзници платиле 50,2 милијарда денари

Во 2010 година, македонските даночни обврзници по основ на даноци платиле вкупно 50.257.179.479,00 денари, што е 0,31% повеќе во однос на буџетскиот план и 4,01% повисок износ во однос на 2009 година.
Учеството на даночните приходи (ДДВ, Данок на добивка и Персоналниот данок) во Буџетот на РМ изнесува 34.64%, односно 55,5% во приходите кои ги наплатила Управата за јавни приходи во 2010 година.

И покрај скептизмот за наплатата на даноците кои преовладуваше измината година поради продолжување на ефектите на глобалната финансиска криза врз македонкската економија, стопроцентната наплата на даночните приходи од страна на Управата за јавни приходи покажува дека приходите по овој основ се реално проектирани во Буџетот на РМ и соодвествуваат со ликвидноста, но и најважно со економските активности на македонските фирми. Потврда за ова е и фактот што 90% од даноците во 2010 се доброволно наплатени, што е повеќе за 9% во споредба со 2009 година кога, исто така, во услови на отежнато економско работење, 81% од даночните приходи обврзниците ги уплатиле во законските рокови и доброволно.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија