Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
27.01.2011
До 28 февруари - Пријавување на данок на добивка и “годишен данок на вкупен приход“

Поради обемот и динамиката на поднесување на извештаи, биланси, пријави... до УЈП во периодот јануари-март, ви препорачуваме навреме да ги исполните вашите обврски за да ги избегнете метежите во даночните канцеларии.

Правни лица – Пријавете данок на добивка!

Доколку сте правно лице – резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство, или сте организациона единица на нерезидент кој остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имате обврска најдоцна до 28 февруари 2011 година да поднесете „Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“ (образец ДБ).

Поедноставен даночен режим за мали и микро трговци

Ако сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри) и ако во последните три години, односно во 2008, 2009 и 2010 година, од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, заради утврдување на “годишниот данок на вкупен приход“ за деловната 2010 година, имате обврска да поднесете:

  • Даночен биланс на вкупен приход (образец ДБ-ВП)
  • Пријава за регистрација на трговско друштво за примена на годишен данок на вкупен приход (образец РДО-ВП)

Доколку сте веќе регистрирани за целите на “годишен данок на вкупен приход“ во УЈП и доколку сте оствариле вкупен приход во 2010 година не повеќе од 3.300.000 денари имате обврска да го доставите само образецот ДБ-ВП.

Напомена: Сите обрасци се поднесуваат во два идентични примероци.

Ненавременото или неподнесувањето на даночните пријави во законски предвидениот рок 28 февруари 2011 година, се смета за прекршок за кој е предвидена глоба од 2000 до 3000 евра во денарска противвредност, како и глоба од 500 до 1000 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија