Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
28.01.2011
Бруто плата 2011 – Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Просечната плата по работник во Република Македонија изнесува 30.349 денари, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2011 година.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2011 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2011 година изнесува 15.174,50 денари (50% од 30.349,00).

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2011 година изнесува 121.396,00 денари (4x30.349,00).

Обврзниците можат да го внесат новиот износ на просечната плата, рачно во клиентскиот софтвер или да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер од 28.01.2011 година (кликни тука), која го содржи новиот параметар.

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
Пресметки / исправки за 2009   Пресметки / исправки за 2010  Пресметки / исправки за 2011
 27.507 денари  29.829 денари  30.349 денари

 

НАПОМЕНА: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2011 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија