Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
16.12.2011
Како да ја доставите новата “ДДВ-04“ пријава преку пошта?

Ги информираме ДДВ обврзниците дека од 16.12.2011 година во примена е новиот образец за пријавување на данокот на додадена вредност “ДДВ-04“, објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 173/11.

Во случај ДДВ обврзниците да не ја добијат персонализираната “ДДВ-04“ од страна на УЈП, истата можат да ја преземат преку веб страницата на УЈП (кликни тука).
Регистрираните корисници на електронските услуги на УЈП, пријавата ќе можат да ја поднесат преку интернет http://etax.ujp.gov.mk/

Поради воведувањето на нов електронски начин на автоматско читање и обработка на податоците од пријавите, при пополнување на бараните информации, даночните обврзници потребно е да го следат начинот опишан во Упатството кое е составен дел на ДДВ-пријавата.

Новина за обврзниците, која задолжително треба да се применува започнувајќи со доставувањето на ДДВ-пријавите до 25.12.2011 година, е начинот на испраќање преку пошта. Имено, даночните обврзници кои ќе изберат даночната пријава да ја достават до УЈП преку пошта, истото ќе треба да го направат на адреса на Регионалната дирекција на УЈП, на која припаѓаат, со наведување на точниот поштенски фах и со назнака: ДДВ-04, како што е наведено подолу:

ПОШТЕНСКИ ФАХ НА РЕГИОНАЛНИ ДИРЕКЦИИ НА УЈП
за доставување на Даночна пријава “ДДВ-04“
До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Скопје
П.фах бр. 302
ДДВ – 04

1000 Скопје
 До:
Управа за јавни приходи
Дирекција за големи даночни обврзници
П.фах бр. 507
ДДВ – 04

1000 Скопје

До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Тетово
П.фах бр. 596
ДДВ – 04

1000 Скопје

До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Штип
П.фах бр. 848
ДДВ – 04

1000 Скопје
До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Битола
П.фах бр. 365
ДДВ – 04

1000 Скопје
До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Кавадарци
П.фах бр. 877
ДДВ – 04

1000 Скопје

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија