Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.01.2012
Актуелно - Поднесување на Годишен извештај за исплатените приходи во 2011 (“ПДД-ГИ“ и “ПДД-ГИ/ОЗП“)

Ekономските субјекти (правно лице, трговец-поединец, занаетчија, лица кои вршат слободни занимања и др.) кои во изминатата 2011 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани имаат обврска да поднесат Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ”).
Во Годишниот извештај “ПДД-ГИ”, економските субјекти ги пријавуваат бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од игри на среќа и други наградни игри и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка.

Економските субјекти пак кои вршеле исплати на граѓани во 2011 година по основ на откуп на земјоделски производи должни се до УЈП да достават Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”).

Крајниот рок до кога економските субјекти треба да ги поднесат годишните извештаи “ПДД-ГИ” и “ПДД-ГИ/ОЗП” до УЈП е 15 февруари 2012 година.

Обрасците не се изменети и можат да се преземат преку веб страницата на УЈП (кликни тука). 

На граѓаните издадете им пресметка за исплатените приходи!

Економските субјекти кои вршеле исплати по горенавдените основи, на граѓанинот задолжително треба да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2011 година.
Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приход, врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персоналниот данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

Непочитување на законските рокови и обврски

Доколку до 15 февруари, економските субјекти не поднесат годишен извештај (“ПДД-ГИ” и “ПДД-ГИ/ОЗП”) за исплатените приходи, како и на граѓанинот не му издадат збирна пресметка за 2011 година, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на фирмата, ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противредност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија