Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
27.02.2012
Демант - “ДПА“ (Владата атакува врз бизнисот на албанците)

Бизнисот не познава граници
УЈП ПРЕПОЗНАВА ПЛАЌАЧИ И НЕПЛАЌАЧИ НА ДАНОК

Во врска со изјавите на Демократската партија на Албанците (ДПА), за наводен напад врз албанските бизниси, Управата за јавни приходи најостро ги демантира изнесените информации, како и обидите за политизирање и регионализација на примената на даночни закони.

Со ваквите изјави, кои се штетни за легалните бизниси кои навремено и во целост ги плаќаат даноците во Македонија, не сакаме да веруваме дека оваа политичка партија ја подржува сивата економија и неплаќањето на даноците.

Законите во Македонија важат за сите, па според тоа и единствен критериум според кој некој може да се соочи со казна од УЈП е дали го почитува или не законот. УЈП не може да “измислува“ посебни правила. Правилата се исти и за Кичево, Скопје, Охрид, Струмица...
Казните не се “проста математика“ и не ни е познато по која формула оваа партија препознава кој се албански, македонски....бизниси, бидејќи УЈП таква формула нема. Бизнис е бизнис, а според УЈП постојат даночни обврзници кои плаќаат даноци и оние кои не пријавуваат и не плаќаат даноци.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија