Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
06.03.2012
Даночна академија - Обука за успех

Даночната Академија продолжи со имплементирање на својата годишна програма и во месец февруари, преку одржување на обуки низ целата територија на Република Македонија. Во овој период во просториите на Регионалните дирекции на Управата за јавни приходи се спроведоа неколку обуки и работилници:

   

(09 - 10.02 2012) „Карактеристики на даночни обврзници и алатки за контрола“
Даночните инспектори на Управата за јавни приходи преку обуката (прв дел од планираниот трисеместрален курс) имаа можност да се запознаат со законската регулатива, корисничкото упатство за примена на апликацијата „Карактеристики на даночен обврзник и алатки за контрола“, како и придобивките од користењето на новите апликации во УЈП.

     
  (13.02.2012) „е-Даноци“
Зголемувањето на корисниците на електронските даночни услуги http://etax.ujp.gov.mk/ претставува стратешка определба на УЈП. Редовните обуки за начинот на регистрација и електронското поднесување на даночни пријави се со цел надминување на конвеционалните начин на комуникација помеѓу даночни обврзници и Управата, но и акцентирање на бенефитете и предностите за правните лица, сметководствените бироа од користењето на е-даночните услуги. Еднодневните обука се одржаа во 12 општини во Македонија.

 

(16.02.2012) „Даночен третман на донации и спонзорства“
Користењето на даночните поттикнувања за донациите и спонзорствата во јавните дејности особено е интерес на невладините организации, кои како слушатели имаа можност од даночните експерти да дознаат повеќе за практичната примена на законската регулативата и даночниот третман на донациите и спонзорствата.

(24-26.02.2012) „Интегриран модул за надворешна контрола“
Користењето на ИТ алатки за надворешна контрола беше тема на работилницата која се одржа во Штип, на која инспекторите на УЈП покрај теоретските знаења, практично се запознаа со примената на новите ИТ решенија на интегрираниот модул на Даночниот инспекторат.

(20 - 23.02.2012) „Обука за предавачи“
Даночната Академија беше домаќин на неколкудневна обука на тема „Обука за предавачи“ која беше организирана во Соработка со Министерството за Финансии, Тhe Chartered Institute of Public Finance and Accountancy (CIPFRA) и Centre for Excellence in Finance (CEF), на која учество земаа претставници од органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, консултантcки компании, како и претставници од CEF и CIPFRA.

е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија