Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
20.01.2008
Мобилните екипи на УЈП затворија 68 објекти

На 19.01.2008/сабота/, Управата за јавни приходи спроведе засилени инспекциски контроли во делот на фискализацијата и примена Законот за игрите на среќа на подрачјето на Гостивар, Маврово и Маврови Анови, Крушево, Кавадарци и Неготино.

Со контролите беа опфатени и контролирани над 100 субјекти кои вршат дејност хотелиерство и угостителство, издавање на спортска и ски опрема, трговија на мало, како и приредување на игри на среќа и забавни игри.

Во контролите инспекциските служби на УЈП констатираа дека 68 даночни обврзници работат спротивно на Законот и тоа:

• Во Гостивар – 42 oбјекти
• Во Маврово и маврови анови – 12 oбјекти
• Во Крушево – 3 oбјекти
• Во Кавадарци и Неготино – 11 oбјекти

 

На даночните обврзници кај кои се утврдени неправилности во делот на регистрирањето на готовинските плаќања (прометот) изречена им е забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена, како и глоба која достигнува до 1500 евра во денарска противвредност.

Деловните простории на дел од субјектите со утврдени неправилности се запечатени веднаш, а во текот на утрешниот ден ќе бидат запечатени и останатите деловни простории за кои УЈП изрече мерка забрана за вршење на дејност.

Управата за јавни приходи продолжува со своите активости и во наредниот период при што укажува на даночните обврзници на потребата од доследна примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања и Законот за игрите на среќа и забавните игри.

 


Скопје, 20.01.2008 година

 

 


 

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија