Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
07.06.2012
Во врска со доставените опомени за неплатена радиодифузна такса

Во врска со доставените опомени за неплатена радиодифузна такса, ја информираме јавноста дека УЈП има разбирање на поплаките на граѓаните, но со цел избегнување на истите Управата неколку пати има укажано обврзниците да се придржуваат до начинот на уплата на радиодифузната такса. Причините зошто на граѓаните им е доставена опомена, иако тие имаат платено може да се јави поради следното:

  • при вршење на уплатата е пропуштен или погрешно е впишан фолио бројот од решението на УЈП;
  • при вршење на уплатата впишана е само интерната шифра на обврзникот во МРТВ или истата е погрешно внесена;
  • при вршење на уплатата впишан е матичниот број и името и презимето на лицето кое вршело уплата, наместо матичниот број и името и презимето на обврзникот на кого гласи решението;
  • при вршење на уплати по повеќе решенија кои гласат на различни обврзници, лицето кое вршело уплата, уплатило по сите решенија со користење на еден фолиоброј или еден матичен број; и др.

Податоците на кои треба да се повикаат обврзниците при уплата на радиодифузната такса се составен дел на секое решение кое го доставува УЈП. Обврзникот за исправка и ажурирање на адресните и матични податоци, потребно е да се обрати до МРТВ.

Непостапувањето, односно вршење на уплати со погрешни податоци, како и ненавремено ажурирање/исправка на податоците во МРТВ секако се одразува и врз евиденцијата за наплатата на радиодифузна такса, за што обврзникот ќе мора да приложи доказ во УЈП.

За сите информации во врска со начинот на уплата, исправка/ажурирање на адресни податоци и други информации поврзани со РДТ, граѓаните може да ја посетат веб страницата на УЈП (кликни тука).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија