Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
08.10.2012
Од 2013 година - Задолжително користење на е-даноци за ДДВ обврзниците

Од 2013 година, ДДВ обврзниците имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси пропишани со Законот за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци (согласно Закон за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр.84/12).

Законскиот рок за задолжително поднесување на даночните пријави преку https://etax-fl.ujp.gov.mk за месечните ДДВ обврзници е 1 јануари 2013 година, додека за тримесечните ддв обврзници рокот е 1 јули 2013 година.

Заради навремено усогласување со новите законски обврски, УЈП им препорачува на сите ДДВ обврзниците да не го чекаат последниот рок и да го искористат периодот октомври-декември за прилагодување и користење на придобивките од електронската комуникација и поднесување на даночни пријави и други обрасци до УЈП.

Доколку навреме и во предвидените рокови обврзниците не ги преземат потребните чекори, нема да бидат во можност да ги користат електронските услуги на УЈП, односно постои ризик да не ги исполнат навреме своите законски обврски за поднесување на даночни пријави и пријавување на ДДВ и Данок на добивка во Управата за јавни приходи.

Предуслови за користење на е-Даноци

Покрај Интернет и е-Пошта, задолжителен предуслов за регистрација и користење на е-Даноци е Дигитален сертификат на USB токен, издаден од овластена куќа, кој е неопходен за електронско потпишување и верификација на постапката на регистрација и на формуларите кои даночниот обврзник ќе ги поднесува преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

Пријавете се на обуките за е-даночните услуги!

За практична примена на е-даночните услуги, УЈП секој месец ќе организира обуки и советувања за даночните обврзници низ цела Македонија. За повеќе информации во врска со обуките и сите други прашања поврзани со е-Даноци кликни тука, или контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија