Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
27.11.2012
Програма за одбележување на Денот на даночниците „Св.Матеј“ (од 27 до 30 Ноември 2012 година)

Во рамките на Програмата за одбележување на Денот на даночниците „Св. Матеј“ (29 Ноември), Управата за јавни приходи традиционално организира повеќе настани од интерен, јавен и меѓународен карактер.


(Скопје, 27 Ноември 2012) Промоција на нова услуга „е – Промена на податоци“

Овогодинешната прослава на Денот на даночниците започнува на 27-ми Ноември 2012 година со промоција на новата услуга на Управата за јавни приходи „е-Промена на податоци“, која ќе биде официјално презентирана на јавноста од страна на Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски.
Настанот ќе се одржи во Контакт центарот на УЈП (Градски трговски центар, 2-ри кат, над кино Милениум), со почеток во 12.30 часот.


(28 Ноември 2012) Крводарителска акција „Капка крв, спасува живот“ и промоција на новата Интранет страница на УЈП

  • Под мотото „Капка крв, спасува живот“, на 28-ми Ноември 2012 година, ќе се одржи Крводарителска акција за вработените во Управата за јавни приходи. Акцијата ќе се одвива на 17 пункта низ Македонија, каде 161 вработен ќе дарува крв. Во рамките на акцијата Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски ќе ја посети Регионалната дирекција Скопје на УЈП во 13.00 часот и истовремено ќе ги поздрави крводарителите.
    Крводарителската акција оваа година се одржува за прв пат, на иницијатива на вработените и Синдикатот на Управата за јавни приходи и се планира да прерасне во традиционална активност за одбележување на Денот на даночниците „Св.Матеј“.
  • Покрај Крводарителската акција, во просториите на Контакт центарот на Управата за јавни приходи, ќе се одржи и промоција на новата ИНТРАнет страница под мотото „Вработениот треба прв да знае!“, како и обука на вработените за користење на новата комуникациска мрежа која ја поставивме со цел секој од нас да има брз, лесен и отворен пристап до потребните интерни содржини, а во насока на навремено информирање, унифицирано постапување и намалување на трошоците на интерната комуникација во УЈП.

(Скопје, 29 Ноември 2012) Хуманитарна акција „Биди човек, биди хуман“, Фудбалски натпревар и Централна прослава на Денот на даночниците

  • Пред одржувањето на централниот настан и свеченото одбележување на 29-ти Ноември - Денот на даночниците, под мотото „Биди човек, биди хуман“, ќе се одржи хуманитарната акција за Домот за деца без родители „11 Октомври“ Скопје. Во периодот од 19 до 26 Ноември 2012 година, на иницијатива на вработените и во организација на Синдикатот на УЈП беа собрани доброволни прилози во вредност од 82.870,00 денари. Од средствата, согласно потребите на Домот, обезбедена е техничка опрема, со која се надеваме дека ќе ги подобриме условите за престој на децата – штитеници на овој дом. Опремата ќе ја врачи Директорот на УЈП, Горан Трајковски и Претседателот на Синдикатот на УЈП, Васе Неданоски, кои ќе ја посетат оваа институција во 11.00 часот.
    Јавниот интерес е единствен интерес на делување на Управата за јавни приходи. Токму, раководени од основните начела на нашето општествено делување и поттикнати од желбата да покажеме поинаква одговорност, преку ваквите и други програми од хуманитарен и поширок социјален карактер сакаме да допринесеме кон заедницата и кон најранливите групи на кои помошта им е најпотребна.
  • Исто така, во рамките на 29-ти Ноември 2012 година, со почеток во 13:15 часот, во Скопје во спортската сала на ГУЦ „Здравко Цветковски” ќе се одржи фудбалски натпревар помеѓу вработените на УЈП и тоа: екипата на Регионалната дирекција Штип, од една страна, и екипата составена од скопските организациони единици на Управата и Регионалната дирекција Тетово, од друга страна.
    Промовирањето на спортски и натпреварувачки дух, е основниот мотив за организацијата на овој настан.
  • Централниот настан за свеченото одбележување на 29-ти Ноември „Св. Матеј“, ќе се случи во Музејот на македонската борба за самостојност и независност, на која Директорот на Управата за јавни приходи ќе се обрати на вработените во УЈП и традиционално ќе ги додели годишните Јубилејни награди за 2012 година - Плакети за посебен придонес и поддршка во модернизацијата на УЈП и Пофалници за професионалност и ефикасност во работата. Покрај овие награди, во рамките на свеченоста, се доделуваат и Признанија за 10, 20 и 30 години јубилејна работа на вработени во Управата за јавни приходи, како и Благодарници за пензионираните даночни службеници.

(Скопје, од 29 до 30 Ноември 2012) Меѓународна работилница „Глобални трендови во оданочувањето на градежната индустрија“

  • Даночната академија на Управата за јавни приходи во соработка со меѓународната организација „Crown Agents“, во периодот од 29-ти до 30-ти Ноември 2012 година ќе организира меѓународна работилница на тема „Глобални трендови во оданочувањето на градежната индустрија“. На работилницата учество ќе земат 9 балкански даночни администрации и претставници од релевантните меѓународни организации во делот на даноците: Crown Agents, Меѓународен монетарен фонд (IMF), Интра-европска организација на даночни администрации (IOTA) и EU DG TAXUD.
  • Во истиот период, Даночната академија ќе одржи уште една работилница на тема „Ефикасни методи за присилна наплата“, на која ќе присуствуваат 26 учесници од Царинската управа на Република Македонија.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија