Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
30.11.2012
Даночна академија - Обука за ефикасни методи за присилна наплата

Скопје - Во Контакт центарот на Управата за јавни приходи започна првиот модул на обука за вработените од Царинската управа на РМ на тема “Ефикасни методи за присилна наплата”. Целта на оваа обука, која се одржува од 29 до 30 ноември 2012 година, е запознавање на царинските службеници со методите на присилна наплата кои ги спроведува Управата за јавни приходи за наплата на даночните долгови заради имплементирање и соодветна примена на истите во постапката на наплата на долгови по основ на царински обврски.
На овој настан присуствуваа инспектори, цариници и раководители на служби од Царинската управа на Република Македонија со цел унапредување на знаењата на царинските службеници во делот на присилната наплата.

На обуката беа презентирани законските одредби за мерките на присилна наплата кои ги спроведуваат даночните извршители од Управата за јавни приходи и досегашните најдобри практики за наплата на долговите на даночните должници. Овие методи на присилна наплата во иднина треба да и овозможат на Царинската управа соодветна примена при спроведување на присилната наплата на царинските давачки.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија