Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.12.2012
Уште 15 дена за месечните ДДВ обврзници да се прилагодат на новата законска обврска

Фирмите кои од 1 јануари имаат законска обврска да поднесуваат даночни пријави до УЈП по електронски пат, бавно се приспособуваат на новините во даночното работење. На 15 дена дена пред истекот на рокот, 1440 фирми не презеле никакви чекори, односно воопшто се немаат регистрирано на системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/

Согласно измените на Законот за даночна постапка донесени уште во месец Јули оваа година, се предвидува сите месечни ДДВ обврзници, почнувајќи од 1 јануари 2013 година, своите ДДВ-пријави и даночни биланси за данокот на добивка задолжително да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци.

Инаку, постапката за регистрација за електронско поднесување на даночни пријави е едноставна и трае 10 минути. За да можат фирмите да се регистрираат и да ги користат електронските даночни услуги, треба да поседуваат Интернет, е-Пошта, како и Дигитален сертификат на USB токен кој е издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС.

Доколку фирмите навремено не се прилагодат на новините за електронско пријавување на данок, постои ризик да не можат да го користат системот е-Даноци, а со тоа и да не бидат во состојба навремено да поднесат даночна пријава и да пријават данок од 1 јануари. Потсетуваме дека законот предвидува високи казни - за неподнесување, односно ненавременото поднесување на даночна пријава во законски предвидениот рок предвидена е глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противредност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија