Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.12.2012
Измени на Законот за данокот на додадена вредност

Измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се објавени во „Службен весник на РМ“, бр.155 од 10 декември 2012 година.

Продолжува примената на повластена даночна стапка за термални сончеви системи и компоненти, компјутери и софтвер за компјутери

Со најновите измени на Законот за ДДВ, повластената даночна стапка за термални сончеви системи и компоненти, машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) и софтвер за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) ќе продолжи да се применува на неопределено време.

Ослободени од ДДВ при увоз, пратки со вредност до 22 евра

Сите пратки што не го надминуваат износот од 22 евра во денарска противвредност, се ослободуваат од ДДВ при увоз, освен пратките кои се однесуваат на тутун и производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалоци, како и на парфеми и тоалетни води.

Влезниците за јавни настани се ослободуваат од ДДВ

Се ослободува од ДДВ прометот на влезници за јавни настани кои се од национален интерес од областа на културата, утврдени и финансирани преку Годишна програма на Министерството за култура.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија