Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.12.2012
Веб страницата на УЈП освои трето место во категоријата на државни институции за „Најдобар сајт за 2012“

На манифестацијата „Сајт на годината 2012“, која се одржа на 13.12.2012 година во Инфо центарот на ЕУ во Скопје, во категоријата на најдобар сајт за владини/државни институции, веб страницата на УЈП www.ujp.gov.mk го освои третото место.
Од номинираните сајтови во оваа категорија, второто место е доделено на Државниот завод за статистика, а за најдобар сајт на дражавна институција е прогласен www.katastar.gov.mk

Изборот „Сајт на годината" кој се случува по трет пат има за цел да придонесе кон развојот на домашните веб-страници и да додели сертификати и признанија на луѓето кои работат во развојот на онлајн-медиумите во земјава. Организатори на настанот се „Медиа солушнс" и системот за онлајн-реклами keepaneye.mk. Манифестацијата годинава се одржа под покровителство на Словачката амбасада во Македонија и „Здружението за интерактивно огласување – ИАБ Македонија”.

Номинираните беа селектирани од над 200 предлози, а најтесната селекција е направена од 7.200 гласа добиени на Интернет. Конечниот збор за победниците по категории го даде шестчлено жири, со сооднос 60% од жирито и 40% од веб читателите, кое ги оценуваше сајтовите според технички параметри, дизајн, функционалност и употребливоста, содржината, иновативноста и креативноста.

Изборот на најдобрите сајтови го отвори Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
- Министерството за информатичко општество и администрација токму на манифестацијата „Сајт на годината“ лани го објави проектот за поддршка на е-трговијата којшто веќе е во завршна фаза. По разгледувањето на најдобрите бизнис-планови беа поддржани повеќе вакви сајтови, неколку веќе се промовираа, а во следниот период ќе бидат претставени и останатите. Освен оваа активност, министерството изработи голем број интернет-страници на институции, а сè со цел граѓаните да бидат што подобро опслужени. Системот за е-даноци, како и тој за отворени податоци, се дел од најзначајните што ги пуштивме во употреба – рече првиот човек на Министерството за информатичко општество и администрација.

Истакнувајќи ја важноста на информатичко-комуникациските технологии во светот во којшто живееме и честитајќи им на победниците, писмо со поддршка на манифестацијата испрати Претседателот на РМ, д-р Ѓорѓе Иванов.
- Демократскиот и технолошкиот напредок денес се суштински поврзани и меѓузависни процеси. Општествата кои сè повеќе се дигитализираат и се отвораат кон информатичко-комуникациските технологии, се во предност и токму тие ќе ги вкусат плодовите од овој процес. Ме радува фактот што Република Македонија во ниеден момент не заостанува зад светските трендови и иновации во сферата на веб-технологијата, и што македонските сајтови според квалитетот, дизајнот и функционалноста се вбројуваат меѓу најдобрите. Тоа го потврдува и острата конкуренција на веб-страни кои и годинава влегоа во потесен избор за признанието „Најдобар сајт на годината“ - истакна претседателот Иванов.

За повеќе информации види http://sajtnagodinata.mk/

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија