Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
21.12.2012
Уште една седмица за месечните ДДВ обврзници да се прилагодат за електронско поднесување на даночни пријави

На една седмица пред истекот на рокот, 1191 месечни ДДВ обврзници сеуште не се регистрирале на системот е-Даноци, чие користење е задолжително од 1 јануари. Согласно законските измени, месечните ДДВ обврзници од почетокот на 2013 година нема да можат повеќе да ги поднесуваат ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка во хартиена форма, туку истото ќе треба да го вршат по електронски пат преку интернет сервисот на УЈП е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/

Фирмите во наредните седум дена треба да ги обезбедат сите предуслови (Интернет, е-Пошта и Дигитален сертификат на USB токен) и да се регистраат за користење на електронските даночни услуги https://etax-fl.ujp.gov.mk/. Истото се однесува и за сметководствените бироа кои треба да обезбедат еден Дигитален сертификат на USB токен издаден од овластена куќа (Македонски Телеком или КИБС), кој ќе можат да го користат за сите свои клиенти/даночни обврзници.

Ненавременото прилагодување на новите законски обврски поврзани со користење на е-Даноци, негативно ќе се одрази врз финансиското работење на фирмите, земајќи предвид дека истите нема да можат да го пријават данокот во УЈП. За неподнесување, односно ненавремено поднесување на даночна пријава во законски предвидениот рок предвидена е глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија