Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
02.01.2013
Демант - „Фокус“ (текст: „Државата е на добар пат да ги укине адвокатите“)

Во врска со текстот „Државата е на добар пат да ги укине адвокатите“ објавен во дневниот весник „Фокус“ (31. 12. 2012, стр.7, новинар: Саше Димовски), Управата за јавни приходи ги демантира изнесените информации, со кои се дава погрешна слика на јавноста за имплементирањето на адвокатските маркички.
Првенствено и крајно непрофесионално од редакцијата на „Фокус“ е што воопшто не се обратила до Управата за јавни приходи за став по однос на прашањата кои се предмет на новинарскиот текст. Токму затоа, преку овој Демант ја информираме јавноста за следното:
Адвокатските маркички се резултат на долгогодишните барања на адвокатската заедница за нивно иземање од фискализацијата. Со Адвокатската маркичка се воведува ефикасен систем за следење на финансиското работење на адвокатите и плаќањето на персоналниот данок од нивна страна.
Управата за јавни приходи е во целост подготвена за имплементација на адвокатските маркички од 1 јануари 2013 година. Обрасците за адвокатски маркички се објавени на веб страницата на УЈП, двата типа на адвокатски маркички се испечатени и можат да се подигнат од даночните канцеларии на УЈП (види соопштение УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/355).
Истовремено, би потенцирале дека во согласност со пропишаните процедури за издавање на адвокатските маркички, до 30 декември 2012 година, до УЈП не е доставена ниту една „Пријава за адвокатски маркички“ од страна на адвокатите, врз основа на која УЈП им ги издава маркичките.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија