Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
30.01.2013
Бруто плата 2013 - Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2013 година изнесува 30.595 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2013 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2013 година изнесува 15.298,00 денари (50% од 30.595,00).
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2013 година изнесува 183.570,00 денари (6 x 30.595,00).

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер (МПИН) од 30.01.2013 година (кликни тука), која го содржи новиот параметар.

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
(пресметки / исправки)
2013  2012 2011 2010 2009
 30.595 денари  30.591 денари  30.349 денари 29.829 денари 27.507 денари

НАПОМЕНА: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2013 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија