Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
06.02.2013
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Управата за јавни приходи и Академијата за судии и јавни обвинители

            Скопје – На 6 февруари 2013 година, директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски и директорот на Академијата на судии и јавни обвинители, судија Анета Арнаудовска потпишаа Меморандум за соработка со кој се потврдува заложбата и интересот за заеднички придонес за зајакнување на капацитетите на судството, како еден од главните приоритети за членство на Македонија во Европската Унија.

 

Меѓусебната соработка на двете академии е во насока на обезбедување на соодветна примена на даночните закони и размена на искуство во делот на даночната пракса, која ќе се остварува преку: спроведувањето нa обуки за судии, јавните обвинители и други целни групи за континуирано стручно усовршување; обуки за службените лица од одделенијата за финансиско работење во судовите и јавните обвинителства; донации на стручна литература од областа на даночното право; развивање на модули за е-Учење за даночно право наменети за обука на судиите и јавните обвинители; и соработка и размена на практични искуства од областа на даноците и другите јавни давачки со Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија.

На потпишувањето на Меморандумот, присуствуваа и претставници од Управата за јавни приходи на Република Македонија и судии на Управниот суд кои работат на предмети од областа на даноците (даночно право).

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија