Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
19.02.2013
До 28 февруари – Доставување на даночни биланси “ДБ“ и “ДБ-ВП“

Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (“ДБ“)
Доколку сте правно лице – резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство, или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имате обврска најдоцна до 28 февруари 2013 година да поднесете Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) до УЈП.

Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) немаат обврска да поднесат правните лица кои работат согласно Законот за сметководство на непрофитните организации, односно водат сметководство согласно Правилникот за сметководството на непрофитните организации и притоа вкупната вредност на имотот или годишниот приход е помал од 2.500 ЕВРА во денарска противвредност.

Поедноставен даночен режим за мали и микро трговци
Ако сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри) и ако во 2012 година, од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, или пак сте оствариле вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари, а притоа сте се определиле за пресметување и плаќање на „годишен данок на вкупен приход“, имате обврска до 28 февруари 2013 година да поднесете Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП“) до УЈП.
За повеќе информации за пријавување, утврдување и плаќање на годишниот данок на вкупен приход, преземете ја брошурата на УЈП (кликни тука).

Начини на поднесување на даночни биланси
Обрасците “ДБ“ и “ДБ-ВП“ можете да ги преземете преку веб страницата на УЈП (кликни тука) и да ги доставите на шалтерите на УЈП.
Регистрираните корисници на е-Даноци, даночните биланси може да ги пополнат и достават по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

Месечните ДДВ обврзници имаат законска обврска образецот “ДБ“ да го достават по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

Казни за ненавремено поднесување на биланси
Ненавременото или неподнесувањето на даночните биланси во законски предвидениот рок – до 28 февруари 2013 година, се смета за прекршок за кој е предвидена глоба од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност, како и глоба од 500 до 1000 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија