Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
08.04.2013
Право на отпис на камати на достасани обврски за социјални придонеси кои настанале во 2009 заклучно со 2012 година

Условите, начинот и постапката за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година, се уредени со новиот Закон за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Подносителот на барањето има право на отпишување на каматите за придонесите во износ од:

  1. 100% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.
  2. 75% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.
  3. 50% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

Правото на отпис на камати од заостанати обврски по основ за придонеси од задолжително социјално осигурување, се однесува за сите обврзници кои се опфатени со концептот „Бруто-плата“ и истите го имаат платено придонесот од задолжително пензиско осигурување заклучно со 31.12.2008 година.

Правото на отпис на камати се остварува со поднесување на пропишан образец “БОК-ПЗСО” (види и Правилник за формата и содржината на образецот на барањето).
„Барање за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување“ (БОК-ПЗСО) се поднесува до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник, најдоцна до 31 декември 2013 година.
Барањето “БОК-ПЗСО” можете да го преземете од веб страницата на УЈП (кликни тука). Потребните податоци во барањето, се пополнуваат компјутерски.
Во прилог кон барањето, задолжително се доставува доказ од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ) за платен придонес од задолжително пензиско осигурување заклучно со 31.12.2008 година.

За повеќе информации обратете се во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000 или контактирајте не преку е-пошта: info@ujp.gov.mk

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија