Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
04.06.2013
Од 1 јуни 2013 година - Нов клиентски софтвер за пресметка на бруто плата

За да можете да ги поднесувате пресметките за интегрирана наплата (образец МПИН), задолжително преземете ја новата верзија на клиентскиот софтвер преку веб страницата на УЈП (кликни тука).
Од 01.06.2013 година, наместо ознаките на општините:

  • Општина Вранешница - ознака на општина 113
  • Општина Другово - ознака на општина 125
  • Општина Зајас - ознака на општина 127 и
  • Општина Осломеј - ознака на општина 151

користите ја ознаката на општина 134 – Кичево.
Измените на клиентскиот софтвер “МПИН“ се согласно член 16 од Законот за територијална организација на локалната самоуправа во РМ („Службен весник на РМ“ бр.55/04,12/05 и 98/08).
Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет, на следната е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk
При доставување на образецот “МПИН“ за повеќе даночни обврзници, Ве молиме пресметките за плата да ги доставувате одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе Ви бидат доставени на Вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија