Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.06.2013
Пилот проект - Електронско известување за издавање на уверенија за платени даноци и придонеси во УЈП

Управата за јавни приходи отпочна со спроведување на Пилот проект за електронско известување на даночниот обврзник за статусот на неговото Барање за издавање на уверение/потврда за платени даноци и придонеси.

Пилот проектот во оваа фаза се спроведува само за поднесените барања во даночните канцеларии на УЈП во Скопје (Даночен шалтер Гази Баба, Даночен шалтер Чаир, Даночен шалтер Илинден и Регионална дирекција Скопје), а се планира во иднина да се прошири и во другите шалтери низ Републиката.

Земајќи предвид дека за издавањето на ваквите типови на документи, на даночниот обврзник му е потребен брз и лесен пристап до даночните услуги, со воведувањето на новата услуга правиме уште еден чекор кон олеснување на даночната процедура, заштеда на време и трошоци на граѓаните и бизнисите.

Новини од спроведување на пилот проектот:

  • Доколку сакате да поднесете Барање за издавање на уверение/потврда за платени даноци и придонеси во писмена форма (види http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uverenija), истото можете да го сторите во Даночен шалтер Гази Баба, Даночен шалтер Чаир, Даночен шалтер Илинден и Регионална дирекција Скопје.
  • Врз основа на поднесеното Барање, УЈП ќе Ви изготви Уверение/Потврда за платени даноци и придонеси за кое ќе Ве известиме преку е-пошта дека документот можете да го подигнете од шалтерот каде го имате поднесено барањето.
  • Ако сте поднеле непотполно барање или должите данок и придонеси, Управата за јавни приходи ќе Ви изготви Заклучок за запирање на постапката за издавање на уверение, за кој ќе Ве известиме преку е-пошта дека истиот можете да го подигнете од шалтерот каде го имате поднесено барањето.

За подетални информации контактирајте не преку Инфо центарот на 0800 33 000 или обратете се до даночниот службеник од канцелариите на УЈП лоцирани во Скопје (види http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt_makedonija/category/153).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија