Контролите на УЈП покажаа дека и после шест месеци од воведувањето на законската обврска, некои приредувачи на игри на среќа не воведеле Надзорен информациски ситем (НИС), со цел да избегнат следење на реалните уплати и исплати на добивките од игри насреќа и спречување на даночниците да располагаат со податоци за остварениот промет во сите деловни единици.
За невоведување на НИС, законот превидува затворање на сите деловни единици на приредувачот на игри насреќа во траење од 30 дена и парична глоба од 7 илјади евра. Вакви казни “заработи“ еден скопски приредувач на игри на среќа, кај кои сите 3 деловни единици (автомат клубови) беа затворени од даночниците.
Обврска за НИС имаат 28 приредувачи на игри насреќа, со вкупно 500 деловни единици, кои треба да бидат 24/7 он-лине поврзани со информацискиот систем на УЈП, заради реално оданочување на добивките со посебната давачка од 20%, која се плаќа на разликата на вкупно примените уплати и вкупно исплатените добивки од игрите на среќа.
Со цел имплеменатција на законските обврски и новиот систем на реално оданочување на добивките, контролите на УЈП ќе продолжат кај сите приредувачи на игри на среќа.
Корисни информации
- Обврската за воведување на Надзорен информациски ситем (НИС) е пропишана со Законот за игри на среќа и за забавни игри и стапи на сила од 1 јануари 2013 година.
- (01.02.2013) Соопштение - Казината, автомат клубовите и обложувалниците да воведат Надзорен информативен систем (НИС)