Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
29.07.2013
Успешен старт на новата законска обврска за електронско пријавување на ДДВ

Електронското пријавување на ДДВ, навреме и успешно го завршија 21.647 фирми.

Со новините во даночното работење кои за месечните ДДВ обврзници стапија на сила од 1 Јануари оваа година, а за тримесечните од 1 Јули, се воведе задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП наместо досегашното поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во Управата.

Податоците на УЈП покажуваат дека 2,3% од фирмите не се прилагодиле на новиот начин на електронска комуникација со УЈП, иако имале законска обврска, односно воопшто не се регистрирале на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ и не поднеле електронска ДДВ-пријава, за што е предвидена глоба до 3500 евра во денарска противвредност.

Според последната статистика, од вкупно 37.777 даночни обврзници кои се регистрирани корисници на е-Даноци, 22.148 фирми имаат законска обврска да ја користат електронската комуникација, додека 15.629 ги користат е-даночните услуги на доброволна основа.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија