Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
25.09.2013
Навремено усогласете се со новите трендови во даночното работење HTTPS://ETAX-FL.UJP.GOV.MK/

Заради навремено усогласување со новите трендови во даночното работење, им препорачуваме на сите даночни обврзници (правни лица и вршители на дејност) да се регистрираат на системот на https://etax-fl.ujp.gov.mk/, ако не го сториле тоа досега.
Електронските даночни услуги Ви овозможуваат да го намалите времето и трошоците потребни за поднесување на даночните формулари; во секој момент да имате увид за состојбата на даночните плаќања и долгови евидентирани во УЈП...и најважно да ги запазите законските рокови за пријавување на данок преку користење не електронскиот систем кој Ви е на располагање on-line 24 /7.

Обезбедете “дигитален сертификат на USB токен“ од овластена куќа
Покрај познатите предуслови (Интернет и е-Пошта), задолжителен предуслов за да можете да ги користите е-Даноци е да поседувате Дигитален сертификат на USB токен (издаден од овластена куќа). Доколку веќе поседувате токен за користење на електронските услуги на некои други институции и банки во Македонија, истиот можете да го употребувате и за е-Даноци, но само доколку е издаден од овластена куќа. Дигиталниот сертификат на USB токен е неопходен за електронско потпишување на формуларите кои ќе ги поднесувате преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/

Основна стратешка определба на УЈП е да одговори на барањата на даночните обврзници за поедноставување на даночните процедури преку воведување на задолжителна електронска комуникација помеѓу бизнисите и даночната администрација.
Регистрирајте се веднаш! За повеќе информации преземете го корисничките упатство достапно на веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk/, контактирајте не преку Инфо центарот на 0800 33 000 или посетете ги обуките на УЈП (види распоред на обуки).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија