Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
04.10.2013
Септември – Кај 65 проценти од деловните објекти откриени неправилности

65 проценти од деловните објекти прикажувале нереални финансиски показатели и со тоа директно го оштетиле буџетот, покажуваат контролите на УЈП спроведени во месец Септември. Над 400 објекти не го прикажувале во целост готовинскиот промет од своето работење и плаќале помалку данок.

Само во последните два дена, затворени се 17 објекти во Скопје, од кои четири се поголеми салони за мебел лоцирани во Центар, Чаир и Бутел. Во еден случај поднесена е и кривична пријава поради неовластено отстранување на пломбата на објектот.

Со цел реално оданочување, УЈП паралелно со интензивните контроли во делот на фискализација, ја применува и мерката „попис“ посебно кај ризичните дејности, што значи проверка и пребројување на целокупната стока и производи во сите деловни единици на даночниот обврзник.

Наместо плаќање на казни, неовластено симнување на лентите и пломбите на запечатените објекти, обиди за спречување на контролите на Управата (уништување на деловни документи, бегање на обврзниците со прометот, напади и закани на даночниците и сл.), ги повикуваме обврзниците да издаваат фискални сметки, што е поедноставно и поисплатливо од казните.

Сите даночни обврзници кои не се информирани во врска со своите обврски и начинот на регистрирање на готовинскиот промет, може да се обратат во даночните канцеларии каде се организираат едукативни средби. Од почетокот на годината, УЈП има повикано 500 обврзници (правни и физички лица) на едукативни средби во делот на фискализација.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија