Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
22.10.2013
Деловните објекти да не ги загрозуваат правата на потрошувачите

Секој купувач на добро или корисник на услуга има право да добие фискална сметка во моментот на плаќање. Неиздавањето на фискалната сметка, подразбира и дека граѓанинот нема потврда дека купил и платил за цената на производот/услугата во соодветниот деловен објект, со што се загрозуваат неговите потрошувачки права - за враќање или рекламација на купеното.
Во последните контроли, се утврди дека 60 деловни објекти во Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Куманово, Струмица, Радовиш, Неготино и Кавадарци, со неиздавањето на фискални сметки им ги ускратиле правата на граѓананите кои “трошеле“ и “пазарувале“ токму во нивните деловни објекти.

Локални моќници и вработени во УЈП да не ставаат под заштита одредени бизниси
Даночните контролори од Гевгелија затворија два угостителски објекта во сопственост на семејство на даночен инспектор од Битола. Токму мобилноста и делување на даночниците надвор од месноста каде живеат овозможува и објективно делување на инспекциските служби на УЈП, мерка која изминатите години се покажа ефикасна посебно кога станува збор за обиди на локални моќници и вработени во УЈП да ставаат под заштита одредени бизниси, вклучувајќи ги и бизнисите раководени од членовите на нивното потесно семејството.

Од профилот на објектите со неправилностите (кафе барови, пицерии, колонијали, салони за мебел...), уште еднаш се потврдуваат анализите на Управата за јавни приходи дека услужната дејност е една од најризичните, а трговијата со мебел станува ризична категорија од даночен аспект, која во последно време е во подем.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија