Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
24.10.2013
Истурена непозната течна материја во просториите на УЈП во Тетово

Тетово – Денес/24 октомври 2013 година, истурена е непозната течна материја во просториите на Управата за јавни приходи во Тетово. Имено, утринава кога вработена во Регионалната дирекција Тетово пристигнала на работното место забележала дека во ходникот, пред влезот во канцелариите на Управникот и Заменик управникот, има истурено поголема количина на непозната течна материја со сребреникава боја, која многу наликува на жива. Со цел, преземање на соодветни мерки за постапување со непознатата течност, случајот е веднаш пријавен во СВР Тетово и Противпожарната служба.
Управата за јавни приходи изразува згрозеност и загриженост поради зачестеноста на ваквите и слични инциденти во изминатиот период, кои директно се насочени кон даночниците и можат сериозно да ја нарушат безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија