Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
26.01.2008
Поднесување на Годишен извештај на исплатувачот на приходи за 2007 (образец ПДД-ГИ)

Исплатувачите (правни лица, трговци поединци, занаетчии и лица кои вршат слободни занимања) кои вршат исплата на приходи по следните основи:
• Личните примања остварени во пари, во вид на бонови, парични потврди, акции, стоки, или некој друг облик кој има парична вредност (плати и надоместоци на трошоци од работен однос што се исплатени над пропишаните износи, пензии, примањата на членови на органите на управуање и органите на надзор на трговските друштва, примањата на функционери, пратеници и советници и други носители на јавни функции, примања на професионални спортисти, надоместок за време на боледување, надоместок за време на отсуство од работа, надоместок за работа на судии, поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва, надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите, плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во Република Македонија, секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица и сл.)
• приходите од авторски права и права од индустриска сопственост
• приходите од капитал
• приходите од имот и имотни права (закупнини), ако исплатувачот на приходите води деловни книги
• добивките од игри на среќа и други наградни игри и
• другите приходи за кои данокот на доход не се утврдува со решение на органот за јавни приходи

за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, должни се до Управата за јавни приходи да поднесат “образец ПДД-ГИ” - Годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзниците, за пресметаниот и платениот данок и придонесите, како и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во текот на календарската 2007 година.

“Образецот ПДД - ГИ” со податоци за исплатите извршени во периодот од 1 јануари до 31 декември 2007 година, исплатувачот е должен да го поднесе најдоцна до 15 февруари 2008 година до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи, според неговото седиште.

НАПОМЕНА: На обврзникот на данокот - исплатувач на приходите, Управата за јавни приходи ќе му изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ако:
• не го пресмета данокот и не го уплати на соодветната сметка
• на обврзникот при секоја исплата на приход не му издаде примерок од пресметката за аконтација на персоналниот данок и наплатените придонеси, како и збирен податок за вкупно платената аконтација по истекот на 2007 година, а најдоцна до 15 февруари 2008 година и
• до УЈП не достави Годишен извештај - “образец ПДД-ГИ”, најдоцна до 15 февруари 2008 година.

За направениот прекршок, на одговорното лице кај исплатувачот на приходите, ќе му биде изречена глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противредност.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија