Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
24.12.2013
Фирмите да се прилагодат за електронско пријавување на даноци

Согласно Предлог измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, кој е во завршна фаза во собраниска процедура, во член 53 став 13 се предвидува нова законска обврска со која даночните обврзници задолжително ќе ги доставуваат даночниот биланс и извештаи пропишани со Законот за персоналниот данок на доход по електронски пат до Управата за јавни приходи.
Од таа причина, препорачуваме уште отсега да се прилагодите и да ги користите придобивките од електронската комуникација и поднесувањето на даночни пријави и други обрасци до УЈП преку системот за е-Даноци.


Што е потребно за да се регистрирате на е-Даноци?

Постапката на регистрација кон новиот систем на е-Даноци се врши преку веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk/. За успешна регистрација и користење на е-Даноци потребно е да поседувате:

  1. Дигитален сертификат зачуван на сигурносен уред токен (издаден од овластена куќа: Македонски Телеком или КИБС) - за лицето кое од фирмата е овластено за електронско пополнување/потпишување на даночни пријави и други поднесоци по електронски пат. Доколку веќе поседувате токен за користење на електронски услуги на други институции и банки во Македонија, истиот можете да го користите и за е-Даноци, но само доколку истиот е издаден од овластена куќа.
  2. Интернет - минимална интернет конекција со брзина 64 kbps и некој од следните пребарувачи Internet Explorer 8, Mozilla Firefox или Google Chrome.
  3. е-Пошта – пријавена во Централен регистар на РМ, како единствена и неповторлива, а неопходна за воспоставување на двонасочна електронска комуникација помеѓу УЈП и даночниот обврзник.

Електронските даночни услуги, ви овозможуваат да го намалите времето и трошоците потребни за поднесување на даночните формулари; во секој момент да имате увид за состојбата на даночните плаќања и долговите евидентирани во УЈП...и најважно да ги запазите законските рокови за пријавување на данок преку користење на електронскиот систем кој ви е на располагање on-line 24 /7. Електронските даночни услуги овозможуваат висок степен на безбедност и сигурност на личните и деловните податоци на даночниот обврзник.

За повеќе информации можете да ги преземете корисничките упатства кои се достапни на веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk/, да не контактирате преку Инфо центарот на 0800 33 000 или да ги посетите обуките на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pregled).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија