Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
13.01.2014
Начини на електронско поднесување и подготовка на годишните извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ЗП

На даночните обврзници (правно лице, трговец-поединец, занаетчија, лица кои вршат слободни занимања и др.), кои задолжително поднесуваат Годишни извештаи (обрасци ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ЗП) преку системот е-Даноци, овозможено им е да ги подготват податоците на неколку начини, и тоа:

  1. Со On-line внесување на податоците преку соодветни форми за внес во системот за е-Даноци.
    Ваквиот начин на поднесување и подготовка на податоците (без подготовка и прикачување на прилози) се препорачува за даночните обврзници кои имаат мал број на вработени.
  2. Со прикачување на прилози кон електронската пријава во .TXT формат и со содржина дадени во соодветните Упатства за електронска подготовка на Годишните извештаи.
    Напомена: Доколку се прикачат друг тип на прилози, извештаите ќе бидат одбиени како невалидни.
  3. Со импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .XML формат кој е објавен на системот за е-Даноци.

На даночните обврзници кои имаат голем број на вработени или исплати им се препорачува поднесување со прикачување на прилози (2) или со импортирање на претходно подготвени податоци (3).

При доставувањето на Годишните извештаи до УЈП преку системот е-Даноци, истите електронски се потпишуваат.


Корисни информации

Соопштение „Нови рокови и електронско поднесување на годишните извештаи за персонален данок за 2013“

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија