Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
27.01.2014
Измени на Законот на додадена вредност – Новини во даночното работење

Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.12 од 22 јануари 2014 година), се воведуваат следните новини во даночното работење:

  • Посебна даночна основа за услугите на агенции за привремено вработување
    За отстапување на привремен агенциски работник од Агенција за привремено вработување на работодавач корисник даночна основа за извршената услуга ќе претставува остварената провизија.
  • Од 01 февруари 2014 година - се воведува механизам на пренесување на даночната обврска за ДДВ од вршителот на прометот на примателот на прометот (Rеversе Charge)
    Reverse Charge или пренесување на даночна обврска е механизам на пренесување на даночната обврска каде што наместо вршителот на прометот, обврска за пресметување и плаќање на ДДВ ќе има примателот на прометот на добра и услуги како даночен должник.
    Механизмот на пренесување на даночната обврска (Reverse Charge) ќе се применува само за прометот поврзан со градење, прометот со употребен материјал и прометот со недвижности во извршна постапка или во постапка на присилна наплата по пат на јавно наддавање кој е извршен помеѓу даночни обврзници регистрирани за целите на ДДВ во Република Македонија
  • Од 01 февруари 2014 година - даночно ослободување на прометот со инвестициско злато
    Во функција на заживување на производството, трговијата и депонирањето на злато, како и промовирање на употребата на злато како финансиски инструмент и средство за инвестирање, со измените и дополнувањата на Законот се воведени посебни одредби за “инвестициско злато“.
    Ослободен од ДДВ ќе биде прометот и увозот на инвестициско злато, како и прометот на услуги извршен од страна на посредниците во прометот со инвестициско злато,.
  • Од 01 јули 2014 година - годишните ДДВ обврзници преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници
    Со измените и дополнувањата на Законот се укинува можноста како даночен период за ДДВ да се смета календарска година, заради што сите годишни ДДВ обврзници од 01 јули 2014 година ќе преминат во тримесечни ДДВ обврзници.
    Прв даночен период за овие даночни обврзници ќе се биде периодот од 01 јануари 2014 година до 30 јуни 2014 година, а понатаму даночните пријави за ДДВ ќе ги поднесуваат тримесечно.
  • Од 01 јули 2014 година - директно даночно ослободување на прометот на добра и услуги наменети за реализација на проекти финансирани од странски донатори
    Со законските измени се пропишува постапка за директно ослободување од ДДВ на прометот на добра и услуги и увозот на добра за реализација на проекти финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен помеѓу Република Македонија и странски донатори, доколку во договорот е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци.
    Кај проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведуваат во услови на децентрализирано управување, даночното ослободување се однесува и за делот на средствата од национално кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија и тоа од сопствени средства или од други извори на финансирање.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија