Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
28.04.2007
Поврат на ДДВ во рок од 30 дена

Со цел подобрување на бизнис климата, како главен приоритет кои си го постави Управата за јавни приходи е реализација на побарувањата од даночните обврзници за поврат на ДДВ во законски предвидениот рок од 30 дена.

Само во првото тримесечие од 2007 година, УЈП на десет големи даночни обврзници кои искажале најголеми побарувања за враќање на данокот на додадена вредност реализираше поврат на ДДВ во вкупен износ од 1.627.955.040,00 денари.

1. ОКТА А.Д РАФИНЕРИЈА НА НАФТА СКОПЈЕ;
2. МИТТАЛ СТЕЕЛ СКОПЈЕ ЦРМ А.Д СКОПЈЕ;
3. МАКСТИЛ А.Д СКОПЈЕ;
4. ИГМ – ТРЕЈД Д.О.О ЕКСПОРТ-ИМПОРТ КАВАДАРЦИ;
5. 11 ОКТОМВРИ А.Д КУМАНОВО;
6. ТЕТЕКС А.Д ТЕТОВО;
7. ФАБРИКА ЗА ШЕЌЕР 4-ТИ НОЕМВРИ А.Д БИТОЛА;
8. СИЛМАК Д.О.О.Е.Л ЕКСПОРТ-ИМПОРТ С. ЈАГУНОВЦЕ;
9. КНАУФ – РАДИКА А.Д ДЕБАР;
10. ВИТАМИНКА ПРЕХРАМБЕНА ИНДУСТРИЈА А.Д ПРИЛЕП.

Процентуално, повратот кај горенаведените даночни обврзници претставува 30% од вкупно реализираниот поврат на ДДВ за првите три месеци од 2007 година.

Согласно новата Стратегија на УЈП, кај големите даночни обврзници 44% од вкупниот поврат се врши во рок од 15 дена, додека останатиот дел кој достигнува до 98% се реализира во законски предвидениот рок од 30 дена.

Во оваа насока, а со цел брз и ефикасен одговор на барањата за поврат на ДДВ (159.112.368,00 денари) на 686 даночните обврзници кои припаѓаат кон Регионална Дирекција Струмица, УЈП ги забрза редовните ДДВ контроли со ангажирање на 60 инспектори од другите регионални дирекции. Засилените активности на Управата за јавни приходи се должат на фактот што дејноста на даночните обврзници во струмичкиот регион во најголем дел се од сезонски карактер.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија