Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
10.06.2014
Задолжителна регистрација на е-Даноци за годишните ДДВ обврзници кои преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници

Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ”, бр.12/14), се укинува можноста како даночен период да се смета календарска година. Во насока на имплементација на законските измени, Управата за јавни приходи на сите годишни ДДВ обврзници кои од 1 јули 2014 година преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници ќе им достави „Решение за измена на даночен период за ДДВ“. За прв даночен период во 2014 година, ќе се смета периодот од 1 јануари до 30 јуни 2014 година за кој оваа категорија на ДДВ обврзници ќе треба да поднесат ДДВ-04 пријава преку е-Даноци и да извршат плаќање на ДДВ-обврската најдоцна до 25 јули 2014 година.

Според последните податоци на УЈП, од вкупно 10.793 годишни ДДВ обврзници кои од наредниот месец ќе преминат во тримесечни ДДВ обврзници, 444 сеуште ја немаат исполнето обврската за регистрација на системот за електронско пријавување на ДДВ преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk
Овие обврзници потребно е да преземат чекори и навремено да се регистрираат на е-Даноци, во спротивно нема да бидат во можност да ги запазат законските рокови за пријавување на ДДВ.

Што е потребно за да се регистрирате на е-Даноци?

Постапката на регистрација на е-Даноци се врши преку веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk
За успешна регистрација и користење на е-Даноци потребно е да поседувате:

  • Дигитален сертификат зачуван на сигурносен уред токен (издаден од овластена куќа: Македонски Телеком или КИБС) за лицето кое од фирмата е овластено за електронско пополнување/потпишување на даночни пријави и други поднесоци по електронски пат. Доколку веќе поседувате токен за користење на електронски услуги на други институции и банки во Македонија, истиот можете да го користите и за е-Даноци, но само доколку е издаден од овластена куќа.
  • е-Пошта пријавена во Централен регистар на РМ, како единствена и неповторлива, а неопходна за воспоставување на двонасочна електронска комуникација помеѓу УЈП и даночниот обврзник.
  • Интернет - минимална интернет конекција со брзина 64 kbps и некој од следните пребарувачи Internet Explorer 8, Mozilla Firefox или Google Chrome.

Посетете ги обуките за е-Даноци!

За повеќе информации посетете ги обуките кои Управата за јавни приходи ги организира во Вашиот град (види распоред на обуки), преземете го корисничкото упатство достапно на веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk или контактирајте не преку Инфо центарот на 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија