Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.02.2008
ДЕМАНТ - “Време“ (текст: “Измени во Законот за данок – Државата нема да ги толерира загубарите“)

Во врска со текстот објавен на страна 6 во весникот “ВРЕМЕ“ – “Измени во Законот за данок – Државата нема да ги толерира загубарите“, Управата за јавни приходи информира за следното:

1. Не е точна изнесената констатација дека со досегашниот режим на оданочување со данокот на добивка “загубарите” (или даночните обврзници кои не искажале добивка, туку оствариле загуба), немаат обврска за плаќање на данокот на добивка. Имено, и со постојниот систем на оданочување со данок на добивка, кај даночните обврзници кои оствариле загуба може да дојде до оданочување, доколку фискалната добивка е поголема од искажаната сметководствена загуба, односно доколку загубата е предизвикана од непризнаените расходи, кои пак влијаат на зголемување на даночната основа и висината на данокот што треба да го платат “загубарите“.
2. Новововедениот даночен режим на оданочување на вкупниот приход со стапка од 1,5%, претпоставува оданочување на просечна добивка. Ваквата просечна добивка, ќе се применува и кај оние трговци со мали бизниси кои на крајот на годината искажале загуба, но и кај трговците кои искажале поголема добивка од претпоставената добивка. На овој начин, даночните обврзници со остварена поголема добивка од просечната, ќе плаќаат помал годишен данок на вкупен приход, во споредба со досегашниот режим на плаќање на данокот на добивка.
3. Не е точен податокот дека годишниот данок на вкупен приход изнесува 45.000 денари. Овој износ одговара само за оние обврзници кои ќе искажат вкупен приход од 3.000.000 денари (како граничен најголем износ). Трговците со помал вкупен приход ќе имаат и помал данок (на пример со вкупен приход од 1.000.000 денари ќе имаат годишен данок од 15.000 денари).
4. Нетолерирањето на субјектите кои во подолг период искажуваат загуба произлегува од Законот за трговски друштва. Имено, оние трговски друштва кои со искажаните загуби ќе го намалат износот на запишаниот траен капитал “под износот на основната главнина”, имаат обврска да извршат зголемување на основната главнина, во период од 6 месеци од настанувањето. Доколку тоа не го сторат, секое лице што има правен интерес, ќе може со предлог до судот да бара престанување на друштвото (согласно чл. 173 од Законот за трговски друштва).

Според претходно кажаното, може да се заклучи дека сметководствената загуба може да доведе до оданочување и при оданочувањето со данокот на добивка и при оданочување со нововедениот годишен данок на вкупен приход.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија